Куртоа се прости од Лондон: Челси секогаш ќе има место во моето срце!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тибо Куртоа денеска ќе стане нов голман на Реал Мадрид, а Белгиецот реши да се прости преку социјалните мрежи и да објасни зошто заминува од Лондон.

„Челси секогаш ќе има посебно место во моето срце. Имав само 19 години кога клубот покажа голема доверба во мене. Кога се вратив од позајмица бев многу среќен што сум дел од еден од најголемите екипи во светот. Многу сум среќен што ги освоивме Премиерлигата, Лига Купот и ФА купот“, напиша Куртоа.

Белгиецот објасни дека морал да замине во Мадрид поради неговото семејство.

„Благодарам на сите со кои работев во претходните години. Клубот никогаш немаше да биде успешен без нивна помош. Морам да им се заблагодарам и на навивачите. Ви благодарам за поддршката која ми ја дадовте во текот на годините. Се надевам дека ме разбирате зашто заминувам поради моите деца“, објасни голманот.