Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Златната ера на фудбалската репрезентација на Шпанија беше изградена од играчи на Барселона, но очигледно иднината на клубот ќе се гради околу играчи на Реал Мадрид и тоа под водство на селектор, кој претходно беше тренер на Барселона.
Четири од шест голови кои Шпанија ги постигна во Лигата на нации во Елче беа дело на играчи на Реал, а првпат за 16 години шест од почетните 11 играчи беа на Реал.
Против Хрватска само Серхио Бускетс беше играч на Барселона. Тој беше дел од тимот кога Шпанија го освои Светското првенство во 2010 и Европското првенство во 2012. година.
Напаѓачот на Реал, Марко Асенсио доминираше со два одлични удари против Хрватска и три асистенции.
Инаку, Луис Енрике играше за Реал пет сезони, но во 1996. година заигра за Барселона, а таму го предводеше тимот и од 2014. до 2017. година.
„Не знаев дека сум избрал шест играч од Реал Мадрид и тоа не ме интересира. За мене тоа се играчи кои настапуваат за Шпанија и тоа е тоа. Ако основата на тимот е на Реал, мислам дека тоа е во ред“, кажа Енрике.