Лавар Бол: “Ако Леброн сака титули треба да дојде да игра со мојот син Лонзо”


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Последните неколку месеци се вжештуваат гласините дека по наредната сезона Леброн Џејмс ќе му се приклучи на тимот на Лос Анџелес Лејкерс. И секако, тоа не можеше да помине непрокоментирано од страна на Лавар Бол, кој се чини дека ја има најголемата уста во НБА лигата.

Таткото на Лонзо Бол, вториот пик на овогодинешниот драфт, ја коментираше моменталната ситуација во која се наоѓаат Кавалирс и Леброн Џејмс, и притоа на Џејмс му го порача следното:

“Ако Леброн сака да освојува титули и понатаму треба да дојде да игра со мојот син, Лонзо.”

 

Преминот на Леброн Џејмс во Лејкерс во моментов и не личи толку неверојатен, ако се земе во предвид ситуацијата на влошени односи помеѓу Кајри Ирвинг и Кливленд Кавалирс. Мора и да се спомене дека сите потези кои ги повлече раководството на Лејкерс летово беа за да се ослободи место во селари кеп-от за следната сезона бидејќи тие сметаат дека можат да ги убедат Пол Џорџ и Леброн Џејмс да потпишат за тимот од Стејплс Центарот.