Колку може подмладената Македонија на Лазаров на СП!? ↓↓↓
Македонскиот репрезентативец Кире Лазаров имаше одлчен натпревар во дресот на Нант во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите против Мешков Брест.
Нант славеше со високи 32:24, а Лазаров натпреварот го заврши со пет поени и само едно промашување.
Французите го контролираа резултатот од самиот почеток на натпреварот и до крајот не пропуштија домаќините од Белорусија да им ја загрозат победата.
Ако Нант го мине Брест, што веројатно и ќе се случи тимот во четвртфиналето ќе се сретне со подобриот од двомечот Веспрем-Скјерн.
Кјелце очекувано славеше висока победа против вториот тим на Рајн Некар Левен со 41:17 и со сигурност обезбеди пласман во следната фаза од натпреварувањето. Полјаците и пред почетокот на средбата важеа како сигурни патници во четвртфиналето со оглед на фактот што Рајн Некар поради протест кон ЕХФ играше со својот втор состав.