Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓
Италијанскиот напаѓач Џанлука Лападула пред неколку денови беше прогласен за големо промашување на трансфер политиката на Милан.
Лападула дојде од Пескара каде минатата сезона беше најдобар стрелец во Серија Б со 30 голови.
Италијанецот во Милан стигна за 9 милиони евра, но откако одигра неколку натпревари, многумина констатираа дека Милан напраивл грешка.
Сепак, во последните 3 натпревари тој покажа дека има што да понуди.
Лападула прво му донесе победа на Милан против Палермо, а во минатото коло постигна 2 голови против Емполи.
Интересно е тоа што тој успеа да го направи, а не успеаа Торес, Дестро, Адријано или Матри, играчи кои го носеа бројот девет.
Лападула е првата „деветка“ на Милан која постигнала 2 голови во еден натпревар уште од 2010