Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Завршени се пет натпревари од денешната програма од претпоследното 37. коло од Серија А.
Најголемо внимание привлече натпреварот помеѓу Кротоне и Лацио кој заврши без победник, 2:2. И на двата тима им беше неопходна победа, а ова реми остави многу нерешени прашања за последното коло.
Имено, Лацио и Интер во директен дуел ќе одучуваат кој ќе се пласира во Лигата на шампионите следната сезона, додека пак Кротоне има претешко гостување кај Наполи кое мора да го добие доколку сака да остане во Серија А и следната сезона.
Резултати:
Болоња- Киево 1:2
Кротоне- Лацио 2:2
Фиорентина- Каљари 0:1
Торино- СПАЛ 2:1
Верона- Удинезе 0:1