Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Ред Бул Лајпциг се вистински хит во Германија овој период.
Наби Кеита е еден од најдобрите играчи во Лајпциг, а овде стигна пред почетокот на сезоната од австриски Салзбург.
Како што овој 21 годишен играч тврди имал понуди од Англија кои ги одбил поради Лајпциг.
„Точно е дека Ливерпул и Сити сакаа да ме ангажираат. Но никаде не се брзам. Чекор по чекор одам. Не сакам веднаш во Премиер Лигата и во Лигата на Шампиони. Сакав во Бундеслигата“ – вели Кеита.
Оваа сезона има постигнато 3 погодоци и една асистенција.