Леброн Џејмс под истрага од НБА лигата


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Сите оние кои ја пратат одблиску НБА лигата знаат за долгогодишното пријателство кое го негуваат Леброн Џејмс и најпознатиот кошаркарски агент, Рич Пол.

Рич Пол е сопственик на агенцијата Klutch Sports и е агент на многу од познатите кошаркари како што се Бен Симонс, Џ.Р. Смит, Џон Вол, Ерик Бледсо и секако, Леброн Џејмс. Во изминатите неколку години постоеја дискутабилни преселби на играчите кои се под застапништво на Рич Пол, што доведе до шпекулации дека можеби Џејмс има удел во одлуките на агенцијата.

Затоа НБА ја истражи врската помеѓу Klutch Sports и Леброн, меѓутоа не најде никаква поврзаност освен онаа во која тие функционираат како клиент и застапник. Со оглед на наодите, Леброн Џејмс е чист.

Истрагата беше изведена затоа што правилата на НБА лигата не дозволуваат играчите да имаат акции во ниту една застапничка агенција, ниту пак да имаат финансиска корист од некоја од нив.

 

Леброн Џејмс и Рич Пол се пријатели од средношколските денови, каде заедно играа за тимот на St. Vincent – St. Mary од каде подоцна Леброн беше драфтуван а Рич Пол го продолжи своето образование на колеџ.