Легенда на Манчестер јунајтед се врати на „Олд Трафорд“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед и репрезентативец на Франција, Патрис Евра, се враќа во англискиот клуб, каде што настапуваше осум години.

Евра за осум години на „Олд Трафорд“ одигра 379 натпревари за Јунајтед и постигна десет голови, а сега ќе добие улога на амбасадор на клубот и ќе го промовира тимот ширум светот.

Управата на клубот реши повторно да го вработи и покрај тоа што Французинот жестоко ги критикува фудбалерите на Јунајтед.

Инаку, Евра по заминувањето од Манчестер во 2014 година, настапуваше уште за Јувентус, Марсеј и Вест хем.