Легендарниот боксер се врати со титула


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Легендарниот боксер Мани Паќао ја освои титулата откако го победи Варгас. Тоа беше негов прв натпревар по краткото повлекување на средината на оваа година.

    Боксерот од Филипините победи со едногласна одлука на судиите, кои после 12 рунди немаа дилеми. Паќао ја отвори подобро борбата во Лас Вегас, го сруши Варгас во втората рунда, но Американецот се врати во игра и издржа до крајот.

    Иако Варгас успеа да ги смири нападите на Паќао на средина на борбата, беше очигледно дека тој има повеќе сила, па со силни удари го ограничи противникот само да се брани. Варгас неколку моменти пред крајот се обиде да добие некој поен, но неговите удари одвај и да го допреа Паќао.

    Интересно е тоа што натпреварот во Невада од публика го следеше ривалот на Паќао, Флојд Мејведер јуниот, па се поставува прашање дали тој ќе дојде до реванш на 2-та одлични боксери. Тие 2-ца минатиот мај се пресметаа во борба, а победи Мејведер со судиска одлука.