Легендарниот Самуел дел од тренерскиот тим на репрезентацијата на Аргентина


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Поранешниот играч на Интер и Рома, Валтер Самуел од денес е поставен за помошник тренер во аргентинската репрезентација.

Самуел поголем дел од сезоната помина во Серија А, освојувајќи го Скудетото со Рома во сезоната 2000/01. Потоа дефанзивецот направи трансфер во Реал Мадрид, од каде се пресели во Интер каде ги помина најславните моменти во кариерата.

Со Нероазурите освои пет Скудета, три пати беше шампион во Купот на Италија, а еднаш ја освои и Лигата на шампионите.

Валтер Самуел се пензионираше на 38 годишна возраст, а од денес има нова улога затоа што Аргентинската фудбалска федерација го птоврди како помошник на Лионел Скарони, новиот предводник на националниот тим.