Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Чави тврди дека негов наследник е Верати и се надева дека ќе го видиме во Барселона.
Играчот на Ал Сад и легендата на Барселона, Чави мисли дека ПСЖ е фаворит против Реал Мадрид во осмина финалето на ЛШ.
„Гледајќи ја формата на ПСЖ во споредба со таа на Реал, мислам дека Парижаните имаат поголеми шанси за пласман понатаму, меѓутоа Реал има победничка ДНК, особено кога игра во ЛШ“, вели Чави.
Поранешниот шпански репрезентативец верува дека Верати ќе пристигне во Барселона.
„Сигурен сум дека Верати е совршен да ја води играта на ПСЖ. Ги следам неговите игри и тој е еден од играчите, кои би сакал да ги видам во Барселона“, додава тој.









