Легендата на Милан ќе превземе клуб од Серија Б


Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови? ↓↓↓


Алесандро Неста, легендарниот фудбалер на Милан, наскоро ќе почне тренерска кариера и ќе стане стратег на Перуџа.

Управата на Перуџа, по ремито во сабота против Новара (1-1), одлучи да ангажира нов тренер, зашто клубот нема победа во последните пет средби во лигата.

Според медиумите, Неста од понеделник би требало да биде нивни тренер, а ќе се бори со тимот да влезе во Серија А преку плејофот.