„Л’Екип“ пренесува бомбастични вести: Ѕвездата на ПСЖ сака да замине од клубот


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Како што пренесува најеминентниот француски медиум, „Л’Екип“, Единсон Кавани не бил среќен со животот во ПСЖ.

Уругваецот редовно игра на високо ниво во тимот предводен од Томас Тухел, но наводно не бил задоволен од третманот на луѓето од клубот кон него.

Кавани нема третман како останатите ѕвезди на клубот, Нејмар, Тиаго Силва, Дани Алвеш и Мбапе, па токму затоа јавно искажал незадоволство.

Не се исклучува можноста уругвајскиот напаѓач да си замине од ПСЖ во текот на летниот преоден рок. За него сериозен интерес има од тимот на Наполи кој сака да го види Кавани повторно во своите редови.