Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Од таборот на Лестер Сити се пред ангажман на две засилувања пред крајот на летниот преоден рок.
„Скај Спортс“ дознава дека „Лисиците“ се заинтересирани за Каглар Сојунчу и Филип Бенковиќ.
22 годишниот Сојунчу долго време се поврзуваше со трансфер во редовите на Арсенал, а Лестер за него ќе издвои околу 22 милиони фунти. Агентот на Сојунчу, Мустафа Догру потврди дека двете страни преговараат за трансфер на турскиот интернационалец на „Кинг Пауер“ стадионот.
Репрезентативецот до 21 година на Хрватска, Филип Бенковиќ веќе се наоѓа во Лестер каде во текот на денот ќе ги помине и неопходните медицински прегледи. Досегашен клуб на Бенковиќ беше Динамо Загреб.