Ливерпул го најде „новиот Ибра“


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Академијата на Ливерпул може да биде побогата за уште еден голем талент.

    Според пишувањата на англиските медиуми, Ливерпул во оваа зима може да доведе ново засилување во нападот.

    Се работи за младиот напаѓач од Шведска по име Александер Исак, момче кој има само 17 години и кого многумина во Шведска го наредуваат „новиот Ибрахимовиќ“.

    Наводно за него се интересираат Лестер, Баерн, Барселона и Реал Мадрид, но Ливерпул е главен кандидат да го добие во оваа зима.

    Исак постигна 6 голови во шведската лига на 18 мечеви, а неговиот соиграч Обаси за него рече дека е голем потенцијал и дека далеку ќе истурка.

    „Ако се концетрира и продолжи да работи, мислам дека ќе стане наредниот шведски Ибрахимовиќ. Има потенцијал, се гледа тоа“, рече Обаси.