Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Ливерпул го “одврза ќесето” и потроши голема сума на пари за да го доведе во своите редови играчот на Ред Бул Лајпциг, Наби Кеита. Гвинејскиот интернационалец по сјајната мината сезона си наоѓа место во англискиот гигант.
Наби Кеита ќе се приклучи на тимот на Ливерпул по завршувањето на оваа сезона, откако Ливерпул и РБ Лајпциг ги договорија условите за трансфер. Имено, Ливерпул ќе плати 48 милиони фунти + бонуси за 22-годишниот играч од средината на теренот.
Ливерпул долго време беа во преговори за талентираниот играч на Ред Бул Лајпциг и конечно најдоа заеднички јазик со неговиот тим.