„Ливерпул може да победи и со 5-0, но според мене Сити ќе биде шампион во Премиерлигата“


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Во четврток од 21 часот се игра натпреварот меѓу Манчестер сити и Ливерпул на „Итихад“, каде што клубот од „Енфилд“ со победа би можел да избега на десет бодови предност.

Тоа е дерби за титулата во Премиерлигата, иако по тоа има уште 17 кола до крајот и уште многу возбудувања.

За поранешниот напаѓач Стен Колимор, освојувачот на првенството е познат и го откри во колумна за „Мирор“.

„Ливерпул може да победи и со 5-0, но мој фаворит останува Манчестер сити. Тие имаат капацитет да одиграат 15 натпревари без пораз, за разлика од Ливерпул, кој може да загуби и десет бодови предност“, објаснува Колимор.