Ливерпул не успеа: Де Геа го спасуваше Јунајтед на „Енфилд“


    Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


    Вечерва на „Енфилд“ беше одиграно најголемото дерби во англискиот фудбал кој, овој пат, не ги исполни очекувањата.

    Натпреварот помеѓу Ливерпул и Јунајтед заврши со 0:0.

    Во првото полувреме немаше вистински шанси. Јунајтед беше поконкретен, но немаше возбудување.

    Во второто полувреме, Ливерпул заигра многу подобро. Тимот на Клоп тргна во напад кон голот на Де Геа, кој неколку пати беше херој на својот тим.

    Најдобрата шанса на натпреварот ја имаше Емре Чан во 59-та минута, кој испрати удар по земја, но Де Геа беше одличен.

    Уште еднаш Де Геа ги покажа своите рефлекси во 71-та минута.

    Кутињо испрати удар од 30-на метри, а голманот на Јунајтед ја испрати топката во корнер со врвот на прстите.

    Ливерпул имаше уште една шанса во 84-та минута.

    По одличната асистенција на Кутињо, Фирмино тргна кон голот на Јунајтед, но во последен момент Валенсија успеа да го сопре.

    Тоа беше воедно и последната шанса на натпреварот, кој нема долго да се памети.

    Ливерпул по ова реми остана на 4-то место со 17 бодови додека Јунајтед е на 7-мо место со 14 бодови.