Ливерпул се засили со „новиот Луис Суарез“ од Уругвај


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Ливерпул направи одлична работа со донесувањето на Луис Суарез пред неколку години, а навивачите и понатаму жалат што тој замина од тимот.

    Сепак, поучени со искуството со Суарез, управата на Ливерпул донесе талентиран уругвајски фудбалер, Агустин Давила, играч кој го нарекуваат „новиот Суарез“.

    Станува збор за 17-годишен фудбалер од Пенарол кој постигна преку 100 голови во последните 3 сезони, па така го привлече вниманието на Ливерпул, но и многу други клубови.

    Тој ќе се приклучи на Ливерпул каде ќе помине посебен третман и по потреба ќе потпише договор со Ливерпул.