Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
Од 16:00 часот беа одиграни пет натпревари во Премиер Лигата на кои беа постигнати само 12 погодоци.
Ливерул продолжува со одличните партии откако на „Енфилд“ очекувано лесно падна тимот на Кардиф кој беше поразен со 4:1. Мане на два пати и Салах и Шаќири беа творци на победата на „Црвените“.
Екипата на Фулам одигра уште еден разочарувачки натпревар пред своите гледачи и со 3:0 беше поразена од Бурнемут. Со овој пораз тренерското место на Славиша Јокановиќ доаѓа под сериозен знак прашалник.
До победи стигнаа уште и Брајтон и Вотфорд, додека без голови одиграа Саутемптон и Њукасл.
Резултати:
Брајтон- Вулверхемптн 1:0
Фулам- Бурнемут 0:3
Ливерпул- Кардиф 4:1
Саутемптон- Њукасл 0:0
Вотфорд- Хадерсфилд 3:0