Листа на ѕвезди: Сите жртви на Гвардиола


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Гвардиола во својата тренерска кариера освои над 20 трофеи, но исто така ќе остане запаметен како тренер кој лесно се откажува од големите ѕвезди.

    Гвардиола по 3 години одлучи да го напушти Баерн и својата кариера да ја продолжи во Сити.

    Веднаш по своето доаѓање тој направи големи измени. Прв на листата беше Харт, но по се изгледа дека нема да биде последен…

    1. Роналдињо

    Волшебникот играше феноменално во Барселона, па клубот го врати во самиот врв.

    Сепак, во летото 2008 година за нов тренер беше избран Гвардиола кој му кажа на Роналдињо дека може да си побара клуб. Роналдињо одлучи да премине во Милан, а овој потег расплаче многу навивачи на Барселона.

    1. Самуел Ето

    Ето за разлика од Роналдињо остана само 1 сезона во Барселона.

    Таа сезона Барселона ја освои ЛШ против Јунајтед, а првиот гол го постигна токму тој.

    Ето зад себе имаше феноменална сезона, но како гром од ведро небо стигна информацијата дека Етп заминува во Интер. Тој таму играше феноменално и во својата прва сезона му помогна на Интер да стигне до титулата во ЛШ.

    1. Ибрахимовиќ

    Ибра беше главниот „виновник“ што Ето замина во Интер.

    Гвардиола сакаше да го донесе Ибра во Барселона и успеа во тоа. Тој играше одлично во првиот дел од сезоната, но потоа се случи нешто што никој не може да го сфати.

    Гвардиола одлучи дека не му е потребен еден од најдобрите напаѓачи во светот, па Ибра 2-от дел од сезоната го помина на клупата. Тие 2-ца имаа неколку караници, па Ибра го напушти клубот по само 1 сезона.

    1. Јаја Туре(2 пати)

    Туре е сигурно еден од најдобрите играчи за врска во последните 10 години. Во Барселона покажа дека станува збор за одличен играч, но не му одговараше на Гвардиола, па тој го продаде во Сити.

    Туре во Сити покажа колку вреди, но се шокираше кога дозна дека повторно ќе работи со Гвардиола. Веднаш по неговото доаѓање, тој кажа дека не го сака Туре и прашање е на време кога ќе замине од клубот.

    1. Бастијан Швајнштајгер

    Тој до минатото лето беше легенда на Баерн, но потоа одлучи да го напушти тимот.

    За многумина не беше јасно зашто Гвардиола му кажа дека нема да смета повеќе на него.

    Швајнштајгер замина во Јунајтед, но и тука доживеа иста судбина. Мурињо одлучи дека тој не му треба, па Германецот најверојатно ќе замине од тимот.

    1. Џо Харт

    Туре не е единствен играч кој на своја кожа го почуствува нетрпението на Гвардиола.

    На големо изненадување на сите, Харт тажно го напушти тимот поради тоа што Гвардиола му кажа дека не знаел да игра добро со него.

    На местото на Харт сега брани Браво. Поранешниот голман на Барселона веќе направи неколку големи грешки, па може да се каже дека заминувањето на Харт беше грешка.

    1. Агуеро

    Англиските медиуми шпекулираат дека Гвардиола е во караница со Агуеро.

    Веќе неколку натпревари Агуеро седи на клупата иако тој целосно е оздравен од повредата.

    Се шпекулира се, но сеуште не се знае вистинскиот статус на Агуеро во тимот.

    Ќе биде навистина штета за Сити доколку Гвардиола се откаже од него.