Лопетеги испрати дипломатски одговор по отказот од Реал Мадрид


Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови? ↓↓↓


Пристигнувањето во Реал Мадрид го чинеше отказ од селекторската позиција во репрезентацијата на Шпанија, а Хулен Лопетеги го прифати големиот предизвик да го замени Зинедин Зидан.

Убедливиот пораз во „Ел Класико“ од Барселона со 1-5 му пресуди на Лопетеги, кој во понеделникот доби отказ од Реал.

„Ви благодарам  за шансата, која ми ја дадовте. Им благодарам на фудбалерите за нивниот труд, како и на сите вработени во клубот. Секако, голема благодарност и до навивачите за поддршката“, кажа Лопетеги.

Додека Реал не ја пронајде замената за Лопетеги, клубот ќе го предводи Сантјаго Солари.