Лоран Блан ќе седне на клупата на гигантот

Французинот, Лоран Блан наскоро би можел да му се врати на тренерската работа.

Блан одмара уште од минатото лето кога си замина од ПСЖ, а во текот на минатите месеци се поврзуваше со многу клубови.

Во прв ред беа репрезентацијата на Англија и италијанскиот Интер, но Блан сеуште е без клуб. Сега шпанските медиуми шпекулираат дека тој би можел да биде наследникот на Енрике во Барселона.

Барселона оваа сезона не игра добро и се очекува Енрике да си замине, а неговиот наследник се бара. Блан една сезона помина во Барселона како фудбалер.