Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Фудбалерите на Јувентус вчера славеа на гостувањето против Киево во рамките на 12. коло од италијанската Серија А.
Старада дама до победа од 2:1 стигна во финишот од натрпеварот, а херој беше Миралем Пјаниќ кој постигна одличен гол од слободен удар. Сепак, навивачите на Јувентус нема по добро да го памтат овој натпревар бидејќи во листата на повредени играчи пристигна и Андреа Барзаљи.
Овој дефанзивец на Јувентус се повреди на вчерашниот натпревар и според првите прогнози надвор од теренот ќе биде најмалку два месеци. Исто така, медиумите во Италија шпекулираат за тоа дека овој фудбалер размислува да ја заврши кариерата поради честите повреди.