Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалерите на Атлетико Мадрид ја победија Селта Виго на Висенте Калдерон во натпревар од 22-ро коло во Ла Лига, 3:2.
Кабрал во петата минута постигна погодок со глава за водство на Селта Виго.
Шест минути подоцна делириум на Висенте Калдерон. Фернандо Торес постигна фантастичен погодок со ножички за израмнување на резултатот.
Селта Виго имаше шанса преку Гуидети да го врати водството, но напаѓачот ја погоди стативата. Две минути подоцна Ронкаља направи прекршок во казнениот простор, а јорганџиите заработија пенал. Фернандо Торес од белата точка ја погоди пречката.
Во второто полувреме Гуидети во 79-та минута го врати водството на Селта.
Водството на траеше долго на гостите бидејќи Јаник Фереира Караско со фантастичен волеј погодок го израмни резултатот, 2:2.
Само една минута подоцна нов делириум на Висенте Калдерон, Антоан Гризман погоди за водство на Атлетико Мадрид и ги постави конечните 3:2.
Атлетико после денешната победа се искачи на четвртата позиција. Сега има четири бода помалку од Севиља која е трета, шест помалку од второпласираната Барселона и седум помалку од лидерот Реал Мадрид кој има два натпревари помалку.