Луда ноќ во НБА лигата – Харден „јаде“ се пред себе!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


6 натпревари во НБА лигата беа одиграни минатата ноќ, а можевме да уживаме во претставата на Џејмс Харден кој имаше трипл-дабл во победата на Хјустон против Торонто.

Харден постигна 40 поени, 11 асистенции и 10 скокови. Кај Торонто најдобар беше ДеРозан со 36 постигнати поени.

Кливленд одиграа тежок натпревар против Феникс, но на крајот успеа да победи со 120:116. Џејмс постигна 28 поени додека кај гостите најдобар беше Ерик со 31.

Победи и Голден Стејт, а Кари со 31 и Дурант со 28 поени беа најдобри во победата против Сакраменто со 117:106.

Останати резултати:

Мемфис – Јута 88:79
Портланд – Детроит 124:125
Лејкерс – Орландо 111:95