Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Менаџерот на Барселона, Луис Енрике доби навистина страшни навреди на аеродромот „Ел Прат“ во Барселона.
Неговиот тим денеска отпатува за Манчестер, каде што ќе го одигра натпреварот во Лигата на Шампионите против Манчестер Сити, а голем број на навивачи се собраа за да ги испратат нивните херои.
Сепак, не беше се како што треба. Некој од навивачите му рече на Енрике дека неговиот татко бил Амунике, мислејќи на поранешниот играч на Барселона, Емануел Амунике, поради што навивачите со години го навредуваат актуелениот менаџер на Барселона.