Скопје троши вода како да има 1 милион жители! Каде е проблемот? ↓↓↓
Репрезентацијата на Уругвај минатата ноќ беше поразена на гостувањето против Чиле со 3:1.
Уругвајците први стигнаа до предноста, но домашната екипа успеа да го сврти резултатот и да освои нови три бода. Поразот на гостите во самиот финиш на натпреварот можеше да го ублажи Луис Суарез, но Уругваецот промаши пенал.
Токму Суарез се најде во центарот на вниманието по синоќешниот натпревар. Тој на патот кон тунелот на стадионот покажа со средниот прст кон навивачите на Чиле кои му свиркаа од трибините.
Уругвајските медиуми денеска објавија дека Суарез повторно го чека суспензија поради однесувањето, и дека најверојатно ќе ги пропушти следните два натпревари во квалификациите.