Ма каков Модриќ: Тој е класа под најдобриот, бидејќи најдобриот е категорија сам за себе...?!

Пабло Мачин, кој со Севиља оваа сезона се бори за првата позиција во Шпанија, никако не се согласува со резултатите од изборот за „Златната топка“.

„Модриќ не е ниту во најдобрите фудбалери на светот, ниту играч кој прави најмногу разлика. Постои играч кој е подобар од него, но јасно ми е дека секој мора да исфура некое ново лице, за изборите да не станат монотони“.

Мачин открива на кого мисли: „Меси секако повеќе ја заслужува оваа награда, бидејќи тој е класа над Модриќ. Да се разбереме, тој е одличен играч. Меѓутоа, таквите како Модриќ ги има многу, додека Меси е над сите нив и е категорија сам за себе“.