Магнусен по пожарот: А што ќе правев ако имаше ореол?


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Кевин Магнусен имаше едно интересно прашање по пожарот кој му се случи на болидот на Рено во петокот во Малезија.

    „А што ќе правев ако имав ореол? Ќе ми требаше многу повеќе време да излезам од болидот.“

    Ореол е една од главните теми на дискусија како начин да се зголеми безбедноста на возачите, но во ситуации како оваа би можеле да бидат фатални.

    „Во вакви ситуации и секунда е премногу. На крајот добро заврши, но тоа можеби беше само овој пат.“