Македонија се враќа во игра: Барди ја „скина“ мрежата на Облак! (ВИДЕО)


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Македонија по првите 45 минути имаше негатива од 0-1 против Словенија на „Стожице“, откако Зајц ја затресе мрежата на Столе Димитриевски, но нашите репрезентативци се вратија во игра на почетокот на второто полувреме.

Енис Барди во финишот на првите 45 минути имаше голема шанса за израмнување, но го промаши целиот гол на Словенците, но затоа се искупи во вториот дел.

По една голема грешка на одбраната на Словенија, Езгјан Алиоски ја собра топката и испрати одлична асистенција до Барди, кој погоди за 1-1.