Колку може подмладената Македонија на Лазаров на СП!? ↓↓↓
Македонската фудбалска репрезентација вечерва од 20.45 часот ги почнува квалификациите за Европското првенство во 2020 година, а сите посакуваат старт со триумф против денешниот ривал.
Вечерашниот меч е важен и за македонскиот репрезентативец Горан Пандев, кој влегува во „бесмртните“, зашто за него ова ќе биде 100-ти меч за нашата татковина.
Цела македонска јавност се надева на победа и успешен старт на квалификациите за Евро 2020, а во продолжение е составот, кој ќе се бори на денешниот дуел.
За Македонија ќе настапат Димитриевски, Муслиу, Алиоски, Велкоски, Ристовски, Хасани, Николов, Барди, Трајковски, Пандев и Несторовски.
Сите се надеваме на триумф, па останува да видиме дали вечерва од 20.45 часот нашите репрезентативци ќе ја израдуваат домашната публика.