Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонската ракометна репрезентација успеа да го совлада Чиле со 32-30 и така го освои 15. место на Светското првенство (СП) во Германија и Данска.
Чиле покажа голем отпор во текот на целиот натпревар, па на полувремето двете екипи заминаа со нерешен резултат (16-16).
Македонија блескаше во некои моменти во вторите 30 минути, па имаше и по три гола предност, а на крајот триумфиравме со 32-30.
Најдобар стрелец во нашата селекција беше Кирил Лазаров со девет постигнати голови.