Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Денес се одигра ½-финалниот натпревар помеѓу нашата најдобра тенисерка Лина Ѓорческа и тенисерката од Хрватска, Петра Мартиќ.
Нашата тенисерка не влезе најдобро во натпреварот и првиот сет го изгуби со 3:6.
Ова беше момент кој го разбуди ѕверот во Лина која брилијантно се врати во натпреварот. Во следниот сет успеа со 6:4 да стигне до 1:1 во сетови, а третиот сет повторно со 6:4 го освои и така стигна до заслужена победа.
Таа во финале ќе игра против подобрата од дуелот помеѓу Хокенкамп и Букта.