Малер на месецот, на охриѓанец му избегаа пет илјади евра (ФОТО)


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


До нашата редакција пристигнаа тикети кои за жал не се добитни за само еден натпревар. На ливчињата се уплатени доста натпревари, а единствен пар кој обложувачот не успеал да го погоди е натпреварот Магдебург- Цвикау од германската трета лига.

На првиот тикет има вкупно 25 натпревари со вкупен коефициент 4.166, додека на вториот се уплатени 19 натпревари со вкупен коефициент 120. И на двата тикети тимот на Магдебург е единствениот кој не успеал да победи.

Тимот на Магдебург имаше водство до самиот финиш од натпреварот, односно до 84. минута кога прими гол од пенал.

Во продолжение погледнете ги малерозните ливчиња: