Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонија не успеа да се пласира во втората фаза од Светското првенство во Германија и Данска, откако денеска загуби од Исланд со 22-24.
Дејан Манасков постигна пет погодоци за македонската репрезентација, но тие не беа доволни за триумф. Сепак, Манасков кажа дека ова е огромно разочарување за сите во Македонија.
„Добро отворивме и игравме добро во прво полувреме. Во второто полувреме не одеше како што треба ‘7 на 6’. Мислам дека правевме непотребни прекршоци и имавме неизградени ситуации и Исланд не казни. Ова е реалноста за оваа репрезентација. Ова е големо разочарување за нас. Имаме некои играчи кои се при крај, па се надеваме дека ќе го задржиме континуитет, но не знаеме како ќе биде“, кажа Дејан Манасков.