Манчестер патува кај Кристал Палас со минус десетмина играчи…


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Јунајтед ги загуби Андер Ерера, Хуан Мата и Џеси Лингард поради повреда во првото полувреме од неделниот меч со Ливерпул што го присили Маркус Рапфорд да го одигра остатокот од мечот иако имаше повреда.

Немања Матиќ и Антони Мрсијал го пропуштија мечот на „Олд Трафорд“, додека Фил Џонс, Матео Дармијан и Антонио Валенсија исто така беа недостапни.

Масон Гринвуд исто така моментално е надвор од конкуренција, а менаџерот на Јунајтед, Оле Гунар Солскјер признава дека неговите можности се ограничени.

„Се уште не сме имале состанок, но мислам дека нема многу позитивни работи“, истакна Солскјер.

„Се уште не го знам списокот на играчи кои би требало да се повредени, Матео Дармијан тренираше некој ден, но не мислам дека ќе биде подготвен. Маркос Рохо ќе биде вклучен. За Рашфорд уште чекаме да видиме како неговата повреда ќе реагира на третманот. Што се однесува со мускулните повреда, прерано е да се размислува за нив. Тоа е тоа.

Фил Џонс еден ден беше болен во текот на изминатата седмица, така што нема да форсираме додека не закрепне. Среќа во одбраната имаме тројца спремни, Линделоф, Крис Смолинг и Ерик Баи, тие тројца нема да патуваат“.