Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓
Од таборот на Манчестер Сити се блиску до трансфер на голманот од САД и член на Колумбус Кру, Зек Стефен.
„Скај Спортс“ дознава дека шампионот на Англија ќе го донесе 23 годишниот голман во јануари и кратко ќе биде втор избор на голманската позиција, барем до враќањето на Клаудио Браво.
Во САД медиумите објавуваат дека трансферот би изнесувал околу осум милиони фунти. Стефен има шест настапи за репрезентацијата на САД и е еден од најперспективните голмани во Америка.
Во тимот на Колумбус Кру е редовен голман и досега има забележано 71 настап од 2016 година па навака кога се пресели во САД од редовите на Фрајбург.