Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Манчестер Сити во своите редови го донесе десниот бек Кајл Вокер кој со тимот од „Етихад“ потпиша петгодишен договор.
„Граѓаните“ платија неверојатни 50 милиони фунти на Тотенхем за услугите на репрезентативниот бек на Англија.
„Пресреќен сум и со нетрпение очекувам да почнам да играм. Пеп Гвардиола е еден од најценетите менаџери во светот и чувствувам дека може да ми помогне да ја подигнам играта на ново ниво“- коментираше Вокер по потпишувањето на договорот.
Вокер ќе го носи дресот со број 2 во Манчестер Сити.