Манчестер сити го потпиша вториот најголем спонзорски договор во Премиерлигата!


Викенд за уживање: Дерби до дерби секаде! ↓↓↓


Манчестер сити ќе има наредната сезона нов спонзор на спортската опрема, но и вториот најголем договор од ваков тип во историјата на Премиерлигата.

„Сити фудбал груп“ договори за своите екипи соработка со „Пума“ вредна 65 милиони фунти по сезона. „Граѓаните“ во наредните десет години ќе ја носат нивната опрема.

Неверојатно голема е разликата во договорот кој Сити претходно го имаше со „Најк“. Тој беше вреден 20 милиони фунти по сезона, а сега бројката е многу поголема.

Новите дресови ќе ги добијат и Мелбурн сити, Жирона, Атлантико Торк и најмладиот член на семејството, односно Сечуан Џуји.

Серхио Агуеро, Винсент Компани и Давид Силва веќе имаа договоро со „Пума“, па тие се надеваат дека ќе бидат подобрени во иднина.

Новиот дрес ќе биде претставен на почетокот на јули на претсезонаската турнеја во Јапонија, а првпат ќе ги носат на пријателскиот меч со Јокохама.