Манчестер Сити постави ултиматум на Реал: Ви го даваме заедно со „анти-јунајтед“ клаузула?!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Манчестер Сити не сака да го види Шпанецот во дресот на големиот ривал.

Во тековните денови би требало да се официјализира купувањето на Брахим Дијаза од страна на Реал Мадрид.

Целокупниот трансфер со бонуси би требало да изнесува околу 30 милиони евра.

Она што е интересно е што во договорот околу купувањето, челниците на Сити уфрлиле т.н. „Анти-Јунајтед“ клаузула.

Имено, во случај во иднина да го продадат Дијаза добиваат 15% од продажбата, но во случај Реал да го продаде во Јунајтед таа клаузула ќе се покачи на 40%.

Нема сомнеж дека „Граѓаните“ со ваквиот услов сакаат да ја спречат непријатноста која би ја имале ако дете од нивниот клуб заигра во црвениот дрес, односно во нивниот лут ривал.

А и ако не успеат во тоа, барем ќе заработат…