Манчестер Сити ќе мора да плати 70 милиони фунти за играчот на Лион


Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓


Од таборот на Манчестер Сити се сериозно заинтересирани за 21 годишниот играч на Лион, Тангуј Ндомбеле.

„Дејли Стар“ пренесува дека актуелниот шампион на Англија ќе мора да издвои вистинско богатство за младиот фудбалер. Наводно, „Граѓаните“ треба да платат 70 милиони фунти за играчот кој одлично игра на стартот на сезоната во Франција.

Ндомбеле има договор со Лион до летото 2023 година и со сигурност нема да го напушти клубот за ниска цена.