ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
Најеминентниот спортски медиум на островот „Скај спортс“ пренесува дека Манчестер Сити е сериозно заинтересиран во своите редови да донесе еден централен дефанзивец оваа зима.
Прва опција за „граѓаните“ е поранешниот играч на Манчестер Јунајтед и сегашен член на ВБА, Џони Еванс. Тренерот на Вест Бромви, Алан Пардју во понеделникот истакна дека ќе одлучат дали ќе го продадат играчот штом ја разгледаат понудата која ќе стигне за него.
Еванс потекнува од академијата на Манчестер Јунајтед и со сигурност ќе биде на удар на навивачите на „ѓаволите“ доколку направи трансфер во нивниот лут ривал.
Покрај Еванс интерес од Манчестер Сити има и за стоперот на Реал Сосиедад, Ињиго Мартинез.