Манчестер со стар рецепт: Поранешен тренер на Челси ќе го замени Мурињо во Јунајтед?!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Жозе Мурињо се соочува со голем број критики поради неговата работа во Манчестер јунајтед, а исто така не ја добива потребната поддршка од управата.

Англиските медиуми пишуваат дека ова е последна сезона за Мурињо во Манчестер јунајтед, а еден од кандидатите кои може да го заменат е Антонио Конте.

Поранешниот тренер на Челси е еден од фаворитите да седне на тренерската клупа на „црвените ѓаволи“, а со тоа управата на клубот од „Олд Трафорд“ ќе го искористи стариот рецепт, кој досега се покажа како неуспешен.

Уште една причина поради која Конте ќе се пресели во Јунајтед е тоа што има соработувано со Пол Погба во Јувентус.