Манчестер Јунајтед ги стартуваше преговорите, Ливерпул стравува од епилогот?!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Се повеќе се пишува дека Барселона е разочарана од Фелипе Кутињо и дека тоа би можело да го искористи Манчестер Јунајтед.

Бразилецот игра слабо оваа сезона, особено е на удар по поразот од Леванте во Купот на Кралевите, и шпанските медиуми сметаат дека разделбата на плејмејкерот и Барселона е можен.

Во приказната и натаму се вклучени и „Ѓаволите“, заинтересирани се за бившиот фудбалер на Ливерпул, а како што пренесува „Мундо Депортиво“, Јунајтед воспостави и контакт со агентот на Кутињо.

Овој шпански весник тврди дека Манчестер е сериозен во намерата да го ангажира бразилскиот репрезентативец, кој не се истакна претерано на „Камп Ноу“, откако пред 12 месеци Ливерпул го замени со Каталонија.

Амбициите на Јунајтед скокнааоткако новиот тренер Оле Гунар Солскјер ја препороди екипата, Норвежанецот оствари триуф во секој дуел на клупата на „Ѓаволите“, а ги предводеше во пет натпревари, и управата е подготвена веќе во јануари да му приреди едно изненадување.

Ова е јасно дека би бил голем удар за сите симпатизери на Ливерпул, со оглед на тоа дека Бразилецот остави голема трага на „Енфилд“ и нема сомнеж дека тешко би го поднеле неговото преминување во редовите на лутиот ривал од Премиер лигата.

„Манчестер Ивнинг Њуз“, лукаво напоменува дека преминувањето на Кутињо на „Олд Трафорд“ би понудил шанса конечно да освои некој трофеј во англискиот фудбал, со оглед на тоа дека не му појде за рака за пет години во Ливерпул.