Манчестер Јунајтед конечно победи на подготовките во САД, совладан Реал Мадрид (Видео)


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Екипата на Манчестер Јунајтед ја запиша првата победа на Интернационалниот куп во САД откако рано утрово го совладаа тимот на Реал Мадрид со 2:1.

На натпреварот во Мајами уште по 18 минути Манчестер Јунајтед поведе преку Алексис Санчез кој доби одлична топка од Матео Дармијан и со одмерен удар го матираше Кико Касиља.

По Санчез во листата на стрелците се запиша и Андер Ерера кој по само три минути по втор пат го совлада Касиља. Асистент на овој погодок беше Алексис Санчез.

Во третата минута од судиското продолжување на првото полувреме, Карим Бензема намали на 2:1, а овој резултат стоеше на сила до последниот судиски свиреж.