До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Манчестер Јунајтед очекувано славеше убедлива победа на гостувањето кај Јеовил Таун во рамките од петтото коло од ФА Купот.
Своето деби на овој натпревар за Манчестер Јунајтед го имаше Алексис Санчез кој беше еден од најдобрите играчи на „ѓаволите“ на теренот. Чилеанецот запиша и асистенција на вториот гол за Јунајтед кој го постигна Андер Ерера.
Најпрво Рашфорд го отвори резултатот во 40. минута по катастрофалната грешка на одбраната на домаќините. На 2:0 зголеми Ерера во второто полувреме, а последните два гола паднаа во финишот кога „резервистите“ Лингард и Лукаку ја погодија мрежата на Кришјак.
Свои минути на овој натпревар доби и 17 годишниот талент од академијата на Манчестер Јунајтед, Анхел Гомез кој при првиот контакт со топката за малку ќе постигнеше погодок.
Во преостанатиот вечерашен натпревар од ФА Купот, Шефилд Венсдеј се пласира во следната рунда откако славеше против Рединг со 3:1.















