Манчестер Јунајтед посакува играч на Борусија Дортмунд


Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Од редовите на Манчестер Јунајтед се заинтересирани во своите редови да го донесат белгискиот репрезентативец и член на Борусија Дортмунд, Аксел Витсел.

„Ѓаволите“ имаат проблеми во средниот ред откако Фелаини, Матиќ, Фред и Ерера не ги оправдаа очекувањата и играат под просекот кој е потребен за Манчестер Јунајтед. Токму затоа можно е да се донесе некој фудбалер за да ја пополни дупката во тимот.

Наводно, прв пик бил Аксел Витсел кој пристигна во Борусија Дортмунд во летниот преоден рок за сума од 18 милиони фунти од редовите на Тианјин Куанјиан.