Манчестер Јунајтед се откажа од Мегваер и се насочи кон друг стопер


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Скај Спортс“ пренесува дека Манчестер Јуанјтед се откажал од намерата да го донесе Хари Мегваер најмногу поради високите барања на Лестер. „Лисиците“ од Манчестер Јунајтед за англискиот репрезентативец бараа сума од 65 милиони фунти.

Сега, „Црвените ѓаволи“ своето внимание го насочија кон фудбалерот на Барселона, Јери Мина.

За колумбискиот интернационалец Каталонците бараат 30 милиони фунти,сума која нема да претставува проблем за Манчестер Јунајтед.

Јери Мина пристигна во Барселона во јануари за сума од 10 милиони фунти и од тогаш имаше само четири настапи во Ла Лига. Сепак, младиот стопер блесна на Светското првенство со што го привлече вниманието на неколку големи екипи, меѓу кои и Манчестер Јунајтед.